Растат платите во Србија. Просечната плата во Србија во декември ќе изнесува 840 евра.
Владата на Србија донесе одлука за ребаланс на буџетот за 2023 година. Со ова зголемување ќе се овозможи намалување на буџетскиот дефицит на 2,8 отсто, со цел зголемување на платите, пензиите и животниот стандард на граѓаните, јави дописникот на МИА од Белград.„Се очекува просечната плата во декември да достигне 840 евра, додека во октомври платите ќе бидат зголемени за 5,5 отсто во однос на август“, изјави за РТС министерот за финансии Синиша Мали, потсетувајќи дека во 2012 година просечната плата во Србија била 331 евро.
Просечната плата до крајот на 2025 година ќе биде 1.000 евра, а пензиите ќе се движат меѓу 430 и 450 евра. Српските работници земаат повисоки плати од Македонците, а има и работници од нашата земја кои работат кај северниот сосед.