Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули годинава изнесувала 40.961 денар и е за 2,9 отсто повисока од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (19,1 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (18,6 %) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (16,7 %).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележаново секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (9,9 %), Административни и помошни услужни дејности(5,6 %) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (5,4 %).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, пак, во јули изнесувала 61.569 денари и во однос на јули 2023 година е повисока за 3,1 отсто.