Комуналните служби на општина Ѓорче Петров навремено реагираа на првите врнежи од снег пропратени со минусни температури. Како што информира градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, 18 тони сол се расфрлани низ критичните улици.
– Овозможено е непречено движење и сообраќање кон селата Никиштани, Кучково, Орман, Волково. Службите на Град Скопје ги расчистија главните сообраќајници низ општината кои се во нивна надлежност. Локалната самоуправа е подготвена за зимско оддржување на локалните патишта и улици – вели Наумоски.