Пронајдена мајката која си го остави новороденчето во трева покрај тротоар

381

По неколкучасовна потрага откако случаен минувач завчера пронајде машко бебе штотуку родено и оставено во трева покрај тротоар во Топанско поле пронајдена е и мајката на бебето.

– Стручен тим на Центарот стапи во контакт со мајката, која е малолетна и која изјави дека не е во можност да се грижи за своето бебе, но согласно Законот, таа има три месеци рок да ја преиспита оваа одлука. Кога од Клиниката за детски болести ќе кажат дека бебето е во добра состојба, Центарот за социјални работи ќе го преземе и во наредните три месеци ќе го смести во згрижувачко семејство. Потоа, ако мајката не се премисли, бебето ќе биде запишано во Регистер на можни посвоеници , информираа од скопскиот Центар за социјални работи.

Од Клиниката за детски болести потврдија дека бебето е во стабилна состојба и дека ја прима соодветната терапија.

Од полиција велат дека го чекаат известувањето од Центарот за социјални работи,за да можат да ја продолжат постапката заради целосното расветлување на случајот.Дали и за кое кривично дело ке одговара мајката што го оставила детето по породувањето зависи од доказите.

Овој случај ја згорзи јавоста. Детето штотуку родено и со крв било оставно во тревник покрај тротоар во парк во Топанско поле. Него го пронашол минувач кој слушнал детски плач. Кога се доближил во тревата го видел голото бебе. Веднаш ја повикал полцијата која заедно со брза помош пристигнала на местото на настанот. Лекарите го завиткале изладеното тело на детето и го пренеле во Детската клиника.

Веднаш по приемот врз машкото бебенце биле извршени соодветни лекарски прегледи и му била дадена потребната терапија.