Пронајдена марихуана во возило на француски државјани на граничниот премин „Свети Наум“

79

На 14.10.2023 во 12.10 часот на Граничен премин „Св.Наум“, полициски службеници ги лишиле од слобода И.П.Р.В.Ф.(19) и Б.Т.А.А.(41), двајцата од Франција. При преглед во патничкото возило „рено твинго“ со француски национални ознаки, кое го управувал И.П.Р.В.Ф., а сопатник бил Б.Т.А.А., била пронајдена и одземена марихуана. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштуваат од МВР.