Пронајдена марихуана во автомобил на австриски државјани

27

Двајца австриски државјани биле приведени откако полицијата во нивното возило пронашла марихуана.

–  Во близина на населбата „Езерски лозја“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга ги лишиле од слобода С.С.(23) и О.Ц.(23), двајцата од Република Австрија, затоа што при преглед на возило „бмв“ со австриски национални ознаки, во кое се наоѓале, биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава, соопштуваат од МВР.