Промоција: “Последните голтки„ – нова збирка од Баковска

65

Во Младинскиот културен центар на 25 февруари во 20 часот ќе биде промовирана збирка на раскази “Последните голтки„ од Елизабета Баковска. Ова е нејзина втора збирка раскази по “Четири годишни времиња„ од пред 14 години.

“Во збирката има два циклуса: Раскази во трето лице и Раскази во прво лице, при што во првиот циклус се поместени 9 подолги раскази, а во вториот – 10 покуси. Иако поделбата е направена така да не залаже дека во првиот дел се неличните, измислените приказни, а во вториот – обратното (личните, неизмислените), сепак тоа не е издрживо како основна подлошка за интерпретирање. Повеќе би рекла дека првите се малку помалку, вторите – малку повеќе лични.

Се на се, “Последните голтки„ е книга на и за сеќавањето, некаков тефтер од минатото потпикнат под масата на сегашноста, за да ја направи постабилна, за да не се клати„, вели за книгата Оливера Ќорвезироска.