Промоција на песна и спот на актерката Александра Павлова – Бубања и „Пука Козметика“

19

Вечерва (8 октомври), во 20 часот во „Драмски бар“ (бифето на Драмски театар Скопје) ќе се одржи промоција на првата песна и спот на актерката од Драмски театар, Александра Павлова-Бубања.

Нумерата „Апсолутно релативно“ и спотот се направени во соработка со групата „Пука Козметика“. Музиката и аранжманот се на Горан Пајак Трифуновски, а текстот на Павлова-Бубања и Дарко и Жарко Масларковски.

Видео материјалите и спотот се на „Октомври филм“, а пост-продукцијата на Димитар Сеизов од „Мунлајт Продукција“.