Промоција на збирка етнолошки филмови на Боцев и Конеска

175

На 23 мај, во 11 часот во кино салата на Музејот на Македонија ќе биде промовирана збирката документарни етнолошки филмови на авторите Владимир Боцев и Елизабета Конеска.

Оваа збирка филмови, произведени од 1997 до 2015 година, претставува прво вакво музејско издание во земјата и содржи 13 филмови во кои се обработуваат теми од обредниот и секојдневниот живот на Македонците, но и некои занаети кои се на прагот на исчезнување. Целта на оваа збирка е да се доближи етнолошкиот филм до широката публика, но и да го поттикне нивното производството, затоа што тие се најдобриот начин за зачувување на вредностите поврзани со народната култура.

Изданието ќе го промовира Мирјана Мирчевска, професор на Институтот за етнологија и антропологија при УКИМ.