Петте златни маски, како и останатите над 400 предмети пронајдени на локалитетот Требнениште кај Охрид, на почетокот на март ќе бидат изложени пред јавноста во рамките на изложбата што во Археолошкиот музеј во Скопје, се организира заедно со Охридскиот музеј и музеите од Софија и Белград.
Автор на изложбата Перо Арџанлиев
Ова е првпат по сто години од откривањето на првата златна маска во 2018, сите артефакти од овој локалитет да бидат претставени на едно место што според Горан Санев, директор на Археолошкиот музеј е најочекуваната и најзначајната изожба за македонската, балканската и европската археологија. Вчера во музејот беше промовиран и каталогот за изложбата подготвено од 26 автори на 408 страни.
“По случајното откривање на првата златна маска во близина на селото Требениште1918 локалитетот Требениште стана светски позната мистерија која во изминатите 100 години беше континуиран предизвик замногу генерации археолози да ја откријат вистинската приказна за непознатата аристократија која живеела крај брегот на охридското езеро во 6 век пред нашата ера”, истакна Санев.
Тој додаде дека самите археолошки истражувања на Требениште некогаш поединечно ги водеа археолози од Бугарија, од Србија и од Македонија.
Преку изложбата “100 години Требениште” , екслузивните наоди кои се наоѓаат во Музејот во Софија, во Белград и во Охрид, се обединуваат и првпат ќе бидат претставени како целина прво пред македонската публика, по што ќе бидат изложени во Софија, па во Белград, а потоа и пред европската јавност.
Според Санев интерес за нејзино претставување веќе пројавија археолошките музеи од Париз, Берлин, Виена и Загреб. Изложбата ќе може да се види шест месеци, од март до крајот на август 2019.