Според податоците кои ги објави Македонскта берза минатиот месец вкупниот промет изнесувал 649.171.832 денари и е зголемен во однос на октомври за 82,25 отсто.
Класичното тргување изнесува 295.846.210 денари и е намалено во однос на ноември за9,73 отсто кога изнесувало 327.722.888 денари.
Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 291.116.756 денари и обврзници во вредност од 4.729.454 денари.
Блок трансакциите за декември изнесувале 106.680.622 денари и се зголемени за274,61 отсто во однос на ноември.
Зголемувањето на вкупниот промет главно се должи на истргуваната јавна понуда на хартии од вредност во износ од 246.645.000 денари.
Бројот на трансакции во декември изнесувал 1.411 и е намален за 21,78 отсто во однос на ноември кога изнесувал 1.804.
Најтргувани акции на официјалниот пазар за декември се на Комерцијална банка, следи Алкалоид АД Скопје, додека Макпетрол АД Скопје го зазема третото место.