Прометот во индустријата се топи

25

Прометот во индустријата, вкупно, во август година, во однос на истиот месец лани е намален за 0.9 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во август бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.6 %, Капитални производи за 18.3 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 5.6 %, додека пораст бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.8 %.

Прометот во индустријата, вкупно, во август во однос на јули 2024 година, е намален за 6.4 проценти. Во периодот јануари – август годинава, пак, во споредба со истиот период од 2023 се бележи пад од 12.8 отсто.

На домашниот пазар, прометот во индустријата во август 2024 година е помал за 9.6 прозенти. Според главните индустриски групи, опаќање се бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 23.0 %, Капитални производи за 27.3 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 14.3 %, додека пораст бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.4 %.

Во однос на јули годинава има намалување од 7 отсто, а во периодот јануари – август 2024 година, во однос на периодот јануари – август 2023 година, падот е 1.8 проценти.

Намалување од 10.5 проценти е евидентирано и во прометот во индустријата на странските пазари, во август годинава во оснос на август лани. Според главните индустриски групи, опаѓање има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1.6 %, Капитални производи за 18.4 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 0.1 %, додека пораст бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.1 %.

Во август, во споредба со јули 2024, намалувањето е 6.3 проценти, додека во периодот јануари – август споредено со истиот период од 2023 година, падот изнесува 16.2 отсто.