Времето во земјава ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.
Утринската температура ќе се движи од шест до 16 степени, а дневната температура ќе се движи од 15 до 26 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.
Утринската температура ќе достигне до 12 степени, а дневната температура до 22 степени.
Од петок ќе настапи стабилизирање на временската состојба со постепен пораст на дневната температура.