На повисоките планини веќе падна првиот снег, но метеоролозите од светски познатата страница „Акуведер“ информираат дека во периодот до крајот на ноември на поголемиот дел од територијата на Македонија ќе биде невообичаено топло за овој период од годината. Првиот минус во Македонија ќе падне на почетокот од декември во вечерните часови, а во текот на првата недела од декември треба да очекуваме да падне и првиот снег.
Метеоролозите од “Акуведер“ прогнозираат дека до крајот на оваа недела не очекува сончево и умерено облачно време со повремени дождови. Дневната температура ќе се движи околу 17 степени Целзисуови, а некои денови и преку 19 степени што се поприлично високи температури за овој период од годината.
Веќе од следната недела, односно од понеделник (18.11. 2019) ќе дојде до влошување на времето и температурите ќе почнат полека да се спуштаат, па така дневните ќе се движат околу 15 степени и полека ќе паѓаат во текот на следниот период, додека вечерните ќе се движат нешто под 5 степени.
Времето ќе биде умерено облачно, со сончеви периоди, а локално ќе има и позначителна облачност и тоа особено при крајот на следната недела. Сепак поради пониските температури, за разлика од претходниот период кога се шетавме во куси ракави, ќе треба да носиме капути и потопла зимска облека, посебно во вечерните часови.
Времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, а локално ќе има и позначителна облачност и тоа особено во недела попладне и навечер кога особено најпрвин на запад се очекуваат повремени врнежи од дожд од локален карактер, вели познатиот метеоролог Славчо Поповски.
Според прогнозата на метеоролозите на „Акуведер “ во тој период, па сè до крајот на месецот дневната температура ќе биде под 10 степени, а утрата ќе бидат студени.
Поинтензивни врнежи од снег во Скопје според „Акуведер“ се очекуваат во средината на следниот месец.