Проектил погоди станбена зграда во Харков/ВИДЕО

76
Screenshot: Twitter

Харков е под опсада и со денови се водат жестоки битки за овој град на североистокот на Украина.

Во моментот формално е во сила прекинот на огнот и се воспоставени хуманитарни коридори. Сепак, украинската страна смета дека тоа е нечесно бидејќи коридорите се воспоставени онака како што сака Русија и цивилите имаат можност да одат исклучиво на териториите на Русија и Белорусија.

Во Харков, во текот на целиот викенд се водеа жестоки борби.

Sky News ја лоцираше и потврди снимката на која се гледа како проектил во тек на ноќта удира во станбена зграда.