Продолжува санацијата на пешачката патека на улица „Љубљанска“

104

Реконструкцијата на пешачката патека на улицата „Љубљанска“ е во тек, а екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта“ деновиве го асфалтираа потегот од улицата „Волгоградска“ кон улицата „Разловечко востание“, на површина од 550 квадратни метри.

Како што информираат од Град Скопје, пешачката патека се реконструира на вкупна површина од 2.300 квадратни метри, во насока од булевар „Партизански одреди“ до булеварот „Илинден“, а досега се реконструирани и асфалтирани околу 1.000 квадратни метри. Во наредниот период, градежните активности продолжуваат на потегот од улицата „Разловечко востание“ до булевар „Илинден“.

Со обновувањето на пешачката патека ќе се олесни движењето на пешаците на овој потег и ќе се зголеми безбедноста за сите учесници во сообраќајот во овој дел на градот.