Продолжува протестот пред Собранието

88

Извикувајќи предавници околу стотина граѓани протестираат против уставните измени додека во Собранието на Република Македонија започна 75-та седница.

Од импровизираната бина се читаат имињата на сите 80 пратеници кои треба да гласаат за уставните амандмани и прифаќање на Договорот од Преспа.

Протестот пред Собранието против уставните измени започна во 12 часот во организација на здруженијата „Македонија блокира“ и партијата Единствена Македонија.