Продолжен рокот на отплата на кредитите од Посебниот кредитен фонд -Ковид 1

74

На предлог на Развојната банка на Северна Македонија, Владата на вчерашната седница  ја разгледа Информацијата за потребата за продолжување на рокот на отплата кај кредитите од Посебниот кредитен фонд (ПКФ)-Ковид 1, односно од Фондот за Енергетска ефикасност чии средства се пласираат под условите на ПКФ, и го задолжи Министерството за финансии да склучи Анекс кон Договорот за администрирање на посебниот кредитен фонд (ПКФ) бр.21-307/1 од 24.01.2011 година со кој ќе се овозможи, на барање на крајните корисници да може да одобрува продолжување на грејс периодот не повеќе од 3 месеци, како и соодветно продолжување на рокот на отплата на главницата не повеќе од 3 месеци.

Владата ја задолжи Развојната банка на Северна Македонија на компаниите од приложените список 1, список 3 и список 4 кои не ги склучиле договорите за кредит и не воспоставиле обезбедување да им дадат дополнителен рок од 10 дена за склучување на договорите за кредит и воспоставување на обезбедување, по што доколку не постапат ќе се смета дека се откажале од склучувањето на договорот и се бришат од списоците на одобрени кредити.