Тие се сомничат дека преку Интернет преземале, чувале и споделувале содржини настанати преку искористување деца за порнографски цели, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.
Министерот Ивица Дачиќ наведе во соопштението дека се упсени Б.М. (52) и М.М. од Белград, Б.К. (31) од Панчево, А.С. (45) од Житораѓе и Б.З. (42) од Крагуевац, кои се сомничат дека го извршиле кривичното дело прикажување, собирање и поседување порнографски материјал и искористување малолетно лице за порнографија.
При претресот на становите, увидот во компјутерите и компјутерската опрема на дел од осомничените, полицијата пронашла фотографии и видеозаписи за кои се сомнева дека настанале со „сексуална експлоатација на деца, во најголем број од случаите на возраст од 6 до 12 години“.
На осомничените им е одредено задржување од 48 часа и тие, со кривична пријава, ќе бидат приведени во надлежното обвинителство.