Продаден муралот на Бенкси во Велс за 100.000 фунти

107


Британскиот трговец со уметнички дела изјави дека го купил муралот што го направи уличниот уметник Бенкси на ѕидот од една гаража во Велс за повеќе од 100 000 фунти, односно 113 000 евра.
Делото во Порт Талбор прикажува момче како си игра додека паѓа пепел од огнот од ѓубрето, што изгледа како референца на загадувањето од челичарниците во тој град.
Откако делото осамна во декември на гаражата на работниците во челичарницата, ангажирани се чувари.
„Сакам Порт Талбот да биде место каде што се доаѓа, а не место од каде што се заминува. Размислувам да донесам уште пет-шест „бенксија“ во Порт Талборт. „Ајде да направиме изложба“, рече тој.