Прогласена за најубаво девојче во светот, а наскоро полни 19 години

286

Русинката Кристина Пименова, која на девет години стекна светска слава како „најубавата девојка на светот“, сега е 18-годишна успешна манекенка и актерка.

Нејзината приказна започнува во Москва, каде што како тригодишно дете зачекори во светот на модата и продолжи да ја гради својата кариера на меѓународната сцена.

Кристина стана вистинска сензација на седум години, кога се појави на насловната страница на престижниот магазин Vogue Bambini.

Оттогаш, таа соработува со некои од најголемите имиња во модната индустрија, вклучувајќи ги Роберто Кавали, Долче и Габана, Армани и Бенетон.

Покрај модните писти, Пименова се испроба и во ритмичка гимнастика. Под будното око на поранешната светска шампионка Олга Капранова, таа освои златен медал на натпревар во Татарстан во 2013 година.

Во 2015 година, Кристина се пресели во Лос Анџелес за да ја продолжи својата манекенска кариера.

Покрај професионалните ангажмани, таа стекна популарност и на социјалните мрежи каде ја следат повеќе од два милиони фанови.

Денес, како возрасна млада жена, Кристина ја продолжува својата манекенска кариера, но се повеќе се посветува на актерството.

ИЗДВОЕНИ