Проблемот со јаболката утре на дневене ред во МЗШВ

50

Состојбата со јаболката во Преспа утре ќе се разгледува на средба во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кое веќе направило анализа на терен за количината и квалитетот на јаболкото за да може да се најде решение со кое ќе се реагира.

Ова го најави ресорниот министер Љупчо Николовски кој посочи дека се водат разговори со министрите од Египет за олеснување на царините со цел решавање на проблемот на долг рок да даде резултат.

Потенцира дека во Преспа се веќе исплатени 2,5 милиони евра за штетите од 2017 година, дека субвенциите се исплаќаат согласно роковите и дека се откупени дополнителни 50 илјади тони јаболка, а дополнителни 4 милиони евра се предвидени за инвестиции во преработувачки капацитети.

Според него, целта е да се фокусираат на квалитетно производство.

Со секој можен начин како и досега кога ги решаваме напластените проблеми од минатото создадени од минатата влада, рече Николовски.