Проблеми за Гонзалез пред заминувањето за Минхен, се повреди Димитриоски

44

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Раул Гонзалез го официјализираше списокот на играчи кои ќе ги води на Светското првенство во Германија и Данска.

Голманот Мартин Томовски и кружниот напаѓач Милан Лазаревски нема да патуваат за Минхен, па извесно е дека на прво големо натпреварување ќе дебитираат Крстевски и Чурлевски, како и младиот Серафимов.

Сепак, во последен час можно е овој список да претрпе промени, бидејќи на последниот тренинг се повреди замената на Манасков на левата крилна позиција, Димитар Диитриоски. Младиот член на Металург, веднаш беше однесен на дополнителни прегледи кои треба да откријат колкава е сериозноста на неговата повреда на скочниот зглоб.