Прифатен предлогот на ЕК, единствен полнач за електронските уреди во ЕУ

22

Mобилните телефони и другите мали електронски уреди, освен лаптопите, што се продаваат во ЕУ мора да имаат еден полнач со влез УСБ-Ц (УСБ-Ц). Предлогот на Европската комисија за воведување на еден полнач е од 2021 година и според првичниот план, новите правила треба да стапат на сила кон средината на оваа година, но примената е малку одложена.

Европскиот парламент и Советот на ЕУ го поддржаа предлогот со големо мнозинство гласови. Во образложението, меѓу другото, наведоа дека стандарден полнач за сите електронски уреди – покрај телефони, таблети, електронски читачи, дигитални камери, слушалки, рачни конзоли за видео игри и преносни звучници – ќе ја намали количината на електронски отпад.

Во согласност со правилата на ЕУ, потрошувачите нема да мора да земаат нов полнач со секој купен уред.

Новите правила се уште не важат за производителите на лаптопи. Тие ќе стапат на сила на 28 април 2026 година.

ИЗДВОЕНИ