Притвор од месец дена за косовски Србин, поранешен полицаец, осомничен за шпионажа во корист на Србија

92

Основниот суд во Приштина му одреди денеска едномесечен притвор на поранешниот припадник на Полицијата на Косово, Александар Влајиќ, осомничен за кривичните дела „Шпионажа“ и „Неовластено поседување, контрола или сопственост на оружје“, јави дописникот на МИА од Приштина.

„Судот оцени дека се исполнети условите за определување притвор, бидејќи доколку обвинетиот А.В. на овој начин може да го попречи текот на кривичната постапка“, се наведува во соопштението.

Против оваа одлука, незадоволните имаат право на жалба до Апелациониот суд, преку Основниот суд во Приштина.