Притворен велешанец кој вршел разбојништво и напаѓал жени

21

Основното јaвно обвинителство Велес донело наредба за спроведување истражна постапка против 32-годишен велешанец, осомничен за две кривични дела „разбојништво“ од член 237 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопштуваат од Jавното обвинителство, јавен обвинител до судија на претходна постапка поднел предлог за определување притвор против осомничениот. Предлогот е прифатен и на осомниченото лице му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.​​

– Осомничениот, на 6 март, дошол во куќата на 77-годишна жена и побарал од неа да му даде пари и храна. Во моментот кога оштетената го отворила паричникот и од него извадила 100 денари за да му ги даде, осомничениот три пати ја удрил со бокс во пределот на левата страна од лицето и ја турнал. Жената паднала на подот, а тој продолжил со клоци да ја удира по телото. Потоа и го одзел паричникот во кој оштетената имала уште 1.000 денари и веднаш избегал од местото на настано. На 5 април пак, осомничениот отишол во куќа во центарот на Велес каде живеела сама жена на возраст од 78 години. Преку преградниот ѕид се префрлил во дворот од куќата, па по скалите се качил на терасата од вториот кат и преку прозорецот влегол во куќата. Се симнал на долниот кат каде седела оштетената и од неа побарал пари. Откако оштетената му одговорила дека нема пари кај себе, тој ја турнал од креветот и ја удирал со клоци по телото и главата, нанесувајќи и телесни повреди.  Пребарувајќи низ куќата, го пронашол паричникот на оштетената во кој имало 1.000 денари, ги одзел парите и околу 20 литри ракија кои ги пронашол во домот, па си заминал-информираат од велешкото обвинителство.