Пристигнуваат противпожарни возила и воздухоплови од Унгарија: Муцунски изрази благодарност до Сијарто за брзата реакција

51

Во денешниот телефонски разговор, мојот унгарски колега, Петер Сијарто, ме информираше дека Унгарија ќе испрати три противпожарни возила и воздухополови, кои ќе помогнат во справување со пожарите, информираше Муцунски.

Помошта од Унгарија е од големо значење.

Изразив голема благодарност за солидарноста и ја нагласив важноста на соработката меѓу нашите земји во вакви критични моменти. Се заблагодарив за брзата реакција и поддршката од унгарската страна, истовремено истакнувајќи дека Владата и Министерството ги користат сите расположливи механизми за побрзо справување со огнените стихии.