Природна пензионерка, не е бабарога – Сузана Манчиќ во утринско издание, разбушавена, со очила за сонце

61

Летото го помина во Атина, кај сопругот, а во зимскиот дел од годината ќе живее во родниот Белград, бидејќи повеќе сака многу снег отколку жешко лето. Сепак, сосема си го средила животот како пензионерка                             

Немојте случајно да се исплашите доколку се загледате во неа. Не е бабарога! Тоа е некогаш мегапопуларната водителка, Сузана Манчиќ. Во бивша Југославија попозната како „лото-девојка“, без конкуренција.                                                                      Годините поминаа, а водителката Сузана Манчиќ остана убава и свежа. Првиот брак ѝ се распадна. Сега е во брак со Гркот Симица, како што нагалено го вика. И тој неа Манцицка.

Овде, на една од сликите, ја гледаме со разбушавена коса. Не е нешто особено. Се сликала по спиење и без трошка шминка, па за да не ви е како „изгубена и искубана“, ставила атрактивни очила за сонце. Сега сите можеме да видиме каква е во утринско издание, додека го пие кафето. Секако дека водителката не се крие од утринскиот изглед. Себеси се смета за најприродното суштество меѓу познатите личности и се вџашува од секоја онаа што со својот „намачкан“ изглед уште нестаната, глуми лудило.

– Не знам што се случува со дамите. Па, ниту една од нас не спие со шминка, со навиткана фризура, во вечерен фустан. Во својот кревет, сите сме распуштени и опуштени. Зошто тогаш да не ви се претставам во природно издание, кога сум тоа што сум?! И да ве прашам, што е важно колку години имам? Веќе сум пензионерка, што значи дека имам пристојни години за почит. Треба и тоа да се доживее. Уште само внуци да ми стигнат, да им се порадувам, па можам потоа на оној свет – раскажа Сузана, која го помина летото во Атина, кај сопругот.

Зимскиот дел од годината го минува во родниот Белград, бидејќи вели дека повеќе сака многу снег отколку жешко лето какво што беше ова, па едвај издржала под дебела ладовина и на голем број морски плажи. Така што со неа ќе се согласат нејзината публика и нејзините возрасни ќерки, дека одлично си го средила остатокот од животот. Малку лето, малку зима, малку во Атина, малку во Белград. Со неа е постојано и нејзиниот Симица и таа воопшто не се жали.

– Некогаш ми пречеше близината на мажот ми, па затоа донесов одлука да се разведам од првиот, од Небојша, член на групата „Седморица млади“. Сега, сè ми е пусто доколку не е Симица крај мене. Само да е тука, не мора да правиме муабет. Веројатно, тие емотивни промени доаѓаат со годините – убедена е убавата Сузи.   Д.М.