Принцезата Леонор од Шпанија беше фотографирана на падините на Астун за време на воената обука на Арагонските Пиринеи со нејзините колеги од Генералната воена академија во Сарагоса.
Принцезата Леонор, заедно со нејзините соученици, започна со обука насочена кон развивање на вештини во зимски услови и зајакнување на сеопфатната воена обука.
На фотографиите тaa е виденa во воена униформа и на скии на снег, без ниту еден момент да покаже дека е член на кралското семејство.
Шпанската принцеза, наследничка на шпанскиот трон и очекуваниот иден врховен командант на вооружените сили на Шпанија, во август оваа година ја започна својата тригодишна воена обука.
Најстарата ќерка на кралот Филип VI и кралицата Летиција наполни 18 години во октомври и влезе во Воената академија на армијата во Сарагоса.
Принцезата ќе помине една година на воената академија во Сарагоса, потоа ќе оди во поморско училиште каде што ќе плови на „Хуан Себастијан де Елкано“, брод со четири јарболи што ја користи шпанската морнарица за обука и ќе ги заврши студиите на Општа аеронаутичка академија.
Шпанската монархија работи на поправка на својот имиџ по серијата скандали во изминатата деценија, главно поврзани со поранешниот крал Хуан Карлос, кој абдицира во 2014 година во корист на неговиот син.
Владата и кралското домаќинство се согласија дека „многу интензивната“ воена обука на Леонора ќе и претходи на нејзините универзитетски студии. На овој начин, принцезата ги следи стапките на нејзиниот татко, кралот Филип.