Принцезата Шарлот наполни седум години, кога нејзините родители принцот Вилијам и Кејт, војвотката од Кембриџ, споделија со јавноста три нејзини неодоливи портрети. Семејството го прослави роденденот на принцезата во неделата, кога објави фотографии.
Викендов во Норфолк се направени три портрети, а овој пат ги направи мајката Кетрин, која е заљубена во фотографијата. На сликите покрај принцезата позира семејно милениче Игл Кокер Шпаниел, што досега не е видено во јавноста.
На сите фотографии славеничката принцеза се смее, опкружена со диви цвеќиња, облечена во прекрасен син џемпер од кој излегува елегантна јака. Долгата коса и паѓа преку рамениците.
View this post on Instagram
Ова е прв пат од август минатата година војводата и војвотката од Кембриџ да споделат фотографија само од Шарлот, а секако ги воодушевиле сите обожаватели на кралското семејство. Минатото лето Кејт Мидлтон објави фотографии направени во Норфолк, на кои принцезата држи голема пеперутка.
View this post on Instagram
Нејзината мајка која ги направила фотографиите потоа напишала дека поддржуваат голема иницијатива во нивната земја за важноста на овие прекрасни суштества.
Малата принцеза, пак, имаше многу задачи оваа пролет – отиде на две многу свечени миси со нејзиниот постар брат принцот Џорџ, на почетокот на април за нивниот покоен прадедо Филип, а потоа и на традиционалната велигденска миса.