Прилеп ги отвори вратите на музеите цела ноќ

221

Прилеп вечерва од 18 часот ги отвори вратите на шесте музеи, галерии и спомен-куќи за бесплатно да ги рагледуваат и да уживаат посетителите во рамките на Европската ноќ на Музеите.

Од 18 часот вечерва па до 6 часот изутрината посетителите во Прилеп бесплатно ќе може да ги разгледуваат и да живаат во културното, историското и археолошкото богатство од Прилепските простори, сочувано низ вековите и децениите.

Вечерва во чест на Меѓународниот ден на музеите, 18 мај, се отворени вратите на: Археолошката музејска поставка во рамките на прилепскиот Завод и музеј, Лапидариумот кој официјално отворање ќе има во вторник, 21 мај, потоа Меморијалниот музеј „11 Октомври“, спомен-куќата на Кузман Јосифоски Питу , Галеријата на икони и Музејот на тутун.

Според Благоја Атанасоски, директор на прилепскиот Завод и музеј отворените поставки во Прилеп потврдуваат сокакво културно и историско богатство располага градот, особено што пред очите на јавноста е најновата поставка на архелошки артефакти на Лапидариумот.

-Ги отворивме изложбените поставки за сите посетители. Имаме што да им понудиме на сите посетители. Со Лапидариумот што ќе биде и официјано отворен, Досега не била отворена таква поставка, Тоа е излоѓба на 60 ина артефакти од сите ахеолошки локалитети во Прилепско. Тоа е едиствена изложбена поставка и доаѓа во пресрет на прославата на 65 –годишнината од постоењето на прилепскиот музеј која е догодина, рече Атанасоски.

За прилепскиот градоначалник Илија Јованоски Прилеп има со што да се пофали, нагласувајќи го неизмерното културно богатство.

– И оваа година, Заводот и музеј Прилеп се вклучи во одбележувањето на прославата „Европските ноќи на музеите“ како интернационален ден кој го прославуваме. Прилеп има со што да се пофали и со што да слави. Поседува огромно културно наследство, трација со што сите треба да се гордееме. Шесте поставки и музеите што ги имаме заслужуваат внимание и секој поединечно раскажува приказна за нашиот град, како град на тутунот, на културата, град-херој. Сето тоа заслужува да го видат вечерва сите наши граѓани, рече Јованоски.

Посетителите ќе може дауживаат во отворените поставки до 6 часот изутрината.