ПРИКАЗНА ЗА ТРАГИЧНАТА ЉУБОВ: Операта “Тоска” во МОБ

71

Во Македонската опера и балет во петок, (18 јануари), со почеток во20 часот, ќе биде изведено едно од ремек-делата на Џакомо Пучини „Тоска“. Ова е приказна за трагичната љубов на Флорија Тоска и сликарот Каварадоси, прекината од еден злогласен шеф на полицијата (Скарпија) во Рим, во периодот на движењето за обединување на Италија.

Главните улоги ќе ги толкуваат Весна Ѓиновска-Илкова, Калин Братеску (Романија), Борис Трајанов.

Калин Братеску е романски тенор со неверојатно активна кариера. На македонската публика и е познат по настапот на отворањето на фестивалот „Охридско лето“ во 2018 година заедно со оперската дива Елена Мошук.

Режисер е Огњан Драганов (Бугарија), сценограф- Зоран Николовски, а костимограф Марија Пупучевска