Привршува изградбата на детското игралиште во паркот „Бранители“

63

Општина Кисела Вода продолжува да ги подобрува условите за детска игра и забава на својата територија.

Во населбата Драчево, во паркот „Бранители“ привршуваат работните активности за изградба на детско игралиште.

За таа цел, како што соопштија од Општината Кисела Вода, градоначалникот Филип Темелковски заедно со претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ, извршија увид во завршните активности за изградба на игралиштето.

Општината, детско игралиште со летниковец направи и во месноста „Три круши“, во селото Драчево, а неодамна целосно го реконструираше и игралиштето во населбата Црниче.