Во завршна фаза се реконструкции на дел од водоводната мрежа во Козле, Влае и Бардовци.
Како што соопштија од јавното претпријатие „Водовод и канализација“, генералниот директор , Душко Весковски и изведувачите на проектите извршиле увид во работните активности на наведените места.
Врз основа на инвестиционата програма и плановите за реконструкција на водоводната мрежа, е пристапиено кон изработка на проекти за реконструкција на водоводната мрежа на неколку локации, поточно улици и тоа: „Џумајска“ во населба Козле, „Влае“ и улица „Франц Прешерн“ во Влае и улица „14“, локалитет „Конакот“ во населба Бардовци.
-Со изведбата на овие зафати, старите поцинкувани цевки се заменуваат со нови цевки од соодветен материјал и профил, се врши реконструкција на постоечките приклучоци на објектите кои гравитираат околу локациите и се подобрува квалитетот на водоснабдувањето за корисниците-информираат од претпријатието.
Како што истакна Весковски, вкупната инвестиција за реконструкција на мрежата во овие делови на град Скопје изнесува околу 22.000.000,00 денари.
-Реконструкциите се во завршна фаза, во тек е замената на приклучоците на корисниците и нивно поврзување на новата мрежа, со што ќе се подобри квалитетот на водоснабдувањето“, посочи Весковски.