Со градежните активности на регионалниот пат Р-2239, делница од селото Бродец до селото Побожје, од десеттиот до 16. километар или во вкупна должина од 5.900 метри, ќе се започне со реконструкција, санација и надградба на коловозната делница, по налог на ЈП за државни патишта.

– Реконструкцијата ќе трае во наредните 14 дена, со блокирање на сообраќајот, почнувајќи од утре, во временскиот интервал од 9:30 до 14:30 часот – соопштија од ЈП „Македонија пат“.

На овој потег ќе биде поставена соодветна сигнализација при изведба на работите.