Припадници на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода скопјанецот Р.Б. (24) поради сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работа на безбедноста“ по член 383 од Кривичниот закон.
Како што соопшти полицијата, Р.Б. бил приведен во текот на вчерашниот ден на булевар „Никола Карев“ во Скопје.
Осомничениот бил баран по централна потерница од Основен суд Скопје 1 за издржување казна затвор од една година и бил спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната, се додава во соопштението.