Приведен осомничениот за убиството на украинската политичарка Ирина Фарион

180

Украинските власти во четвртокот уапсија 18-годишен маж осомничен за минатонеделното убиство на поранешната украинска парламентарка и професорка по лингвистика Ирина Фарион, потврдија официјални лица.

Фарион, позната по нејзините контроверзни изјави и кампања за заштита на украинскиот јазик, беше убиена минатиот петок во Лавов.

Уапсен е 18-годишен млад човек, а потребните истражни дејствија продолжуваат“, напиша претседателот Володимир Зеленски на Телеграм.

Осомничениот е уапсен во неговиот роден град Днипро во југоисточна Украина, изјави украинскиот министер за внатрешни работи Ихор Клименко.

Како подготовка за злосторството, рече министерот, осомничениот изнајмил најмалку три стана во Лавов.

„Сега истрагата е склона да верува дека напаѓачот е само извршител“, рече Клименко на Телеграм, сугерирајќи дека убиството можеби било планирано во соработка со други.

Можните мотиви и врски кои се истражуваат вклучуваат врски со Русија, општествени активности на поранешната пратеничка и личен непријателство кон неа, рече Клименко, додавајќи дека е можно да се појават и други мотиви.

Фарион стана член на националистичката партија Свобода (Слобода) во 2005 година, а беше избрана и во парламентот – Врховната Рада во 2012-2014 година, но не успеа во последователните обиди да освои место. Била и во регионалниот совет на Лавов, а покрај честите кампањи за промовирање на украинскиот јазик, била активна и во дискредитација на јавни функционери кои зборуваат руски.

Додека Украина се бореше со сепаратистите финансирани од Русија, кои зазедоа територија на исток во 2018 година, таа повика на акција за „удирање со клоци во вилицата на секој човек што зборува руски“.

Во првите месеци од руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, Фарион критикуваше некои украински војници кои зборуваат руски, велејќи дека не може да ги нарече украински. Нејзината изјава предизвика негодување.

Иако украинскиот е единствениот официјален јазик во Украина, многу жители зборуваат руски како свој прв јазик, наследство од советското владеење.