МВР информира дека синоќа, во 23.00 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Д.Т. (31) од село Ораовица, радовишко.
-При претрес на патничко возило „волво” со радовишки регистерски ознаки, управувано од Д.Т., биле пронајдени прашкаста материја, 50 таблети и марихуана. Лицето е задржано во полициска станица Радовиш, велат од полицијата.
За настанот е известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот во текот на денот ќе биде поднесена соодветна пријава и ќе биде изведен пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.