Полицијата синоќа привела лице, заради извршување службен разговор во врска со кривично дело „Оддавање на службена тајна“ во врска со полициските акции месецов против криминална група, потврдија од МВР.
-Лицето за кое прашувате на 28.12.2024 беше приведено, при што во полициска станица беше извршен службен разговор во врска со кривично дело Оддавање службена тајна, одземен му е мобилен телефон, по што по насока на ОЈО лицето е ослободено, велат од МВР.
Дел од медиумите објавија дека е приведен е син на поранешен висок функционер кој предупредил криминални групи дека МВР спроведува акција против нив.