Приведена скопјанка барана по централна потерница од МВР за казна затвор од две години

193

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје, денеска околу 9.30 часот на територија на општина Чаир, ја лишиле од слобода О.К.(42) од Скопје, која била барана по централна потерница од МВР, по наредба од Основен кривичен суд Скопје за казна затвор во траење од две години, а во врска со чл.235 ст.1 во врска со чл.22 од КЗ за сторено кривично дело – кражба.

Како што соопшти МВР,  О.К. ќе биде предадена на надлежната казнено поправна установа.