Само за еден месец цената на струјата е покачена за над 200 проценти и ако продолжи ваквиот тренд, производната индустрија не ќе може да ги задржи сегашните цени. На ова тема, претставници на производната индустрија имале средба со министерот за економија и предложиле дека не е паметно, во услови на дивеење на цената на струјата, да се прави ограничување на цените на производите

Дивее цената на електричната енергија на берзите и во некои денови надминува и 400 евра за мегават-час, како што беше на почетокот од енергетската криза. Тоа може да повлече нов бран поскапувања од страна на производителите во земјава.

Само за еден месец цената на струјата е покачена за над 200 проценти и ако продолжи ваквиот тренд, производната индустрија не ќе може да ги задржи сегашните цени. На ова тема, претставници на производната индустрија имале средба со министерот за економија и предложиле дека не е паметно, во услови на дивеење на цената на струјата, да се прави ограничување на цените на производите.

Од Регулаторната комисија за енергетика појаснуваат дека малите потрошувачи можат да се вратат на регулираниот пазар согласно со нивните проценки. Многу од нив, поради тоа што од периодот од ноември минатата година имаа подобри услови на отворениот пазар, одлучија да се снабдуваат со електрична енергија од слободниот пазар. Тоа беа мали потрошувачи што беа снабдувани од универзалниот снабдувач и гледајќи ги пазарните услови на пазарот, поголем дел од нив се префрлија на слободниот пазар на електрична енергија.

Така, лани во ноември, околу 3.500 мали потрошувачи од регулираниот преминале на слободниот пазар, во декември околу 3.700, во јануари околу 4.800, а во февруари околу 5.300 или вкупно над 17 илјади. Тој тренд продолжи сè додека паѓаше цената на струјата на слободниот пазар. Тоа се пазарни случувања, пазарна динамика, како им одговара на овие потрошувачи така и се приспособуваат на случувањата на пазарот на електрична енергија.

(С.Бл.)