Претставници од компанијата Assa Abloy гости на Европски универзитет

Менаџерот на компанијата Assa Abloy, Дејан Шобиќ одржа предавање на тема „Заштита на критичната национална инфраструктура“ и ги запозна студентите со најновите производи и идеи за заклучување и други сигурносни решениј

432

На Европски универзитет – Скопје, на покана на проф. д-р Атанас Козарев, вчера гости беа претставници од компанијата Assa Abloy, Игор Љубичиќ, Бранимир Мојсов, Зоран Кулишиќ Нерал и Дејан Шобиќ. Предавање на тема „Заштита на критичната национална инфраструктура“ одржа менаџерот на компанијата, Дејан Шобиќ кој истовремено ги запозна студентите со новите сигурносни решенија кои ги нуди оваа компанија.


Менаџерот на компанијата, Дејан Шобиќ се осврна на улогата на компанијата Assa Abloy како најголем светски извор на интелигентни решенија за заклучување и други сигурносни решенија. Секоја десетта вградена брава и сигурносна инсталација во светот е производ на оваа компанија. Assa Abloy ДОО е компанија во Assa Abloy групацијата. Компанијата работи во преку 70 земји, има 46.000 вработени и зафаќа 17 отсто од светскиот пазар. Има широк спектар од производи и идеи за заклучување и други сигурносни решенија.
Голем број производи се однесуваат на контрола на пристапот преку системот Aperio. Преку широка понуда на високо безбедни, сертифицирани брави на батерии прилагодени на разни примени, системот Aperio ги намалува трошоците за енергија, ја редуцира потребата за одржување и претставува логичен избор за сите деловни корисници кои сакаат да ги надградат постојните системи за контрола.
Оваа компанија нуди решенија и за безбедносни системи на универзитети, болници, студентски домови и останати значајни делови на националната инфраструктура. Од компанијата велат дека нивните производи се приспособени да ги задоволат локалните стандарди, а во нивните фабрики има голема флексибилност.


Како што истакна менаџерот на компанијата Дејан Шобиќ сè што работи компанијата е поврзано со вратите. Класичниот клуч можете да го замените со интернет и преку едно место да контролирате кој влегува и кој излегува. Денешниот клуч е нешто друго од она што го носите во вашиот џеб, денес го имате онлајн на веб. Целта на компанијата, како што рече тој е не само да продаде производ туку на клиентите да им даде совет и да им понуди најоптимално решение.
Во однос на употреба на дигиталните врати, како што рече Шобиќ најдалеку е отидена Кореја каде што секоја куќа и стан има дигитална брава. Во Кореја веќе втора генерација немаат класичен клуч туку вратите ги отвораат со отпечаток од прст или со шифри.
Компанијата посветува големо внимание на иновациите. Во компанијата има 1.600 инженери кои се задолжени за иновации, а производите имаат високо ниво на заштеда на енергија и на заштита на животната средина.