„Како да се ограби банка“ на Драмскиот театар од Скопје е петтата претстава на годинешниот фестивал на комедијата „Гола месечина“ што ќе се прикаже вечерва во спортскиот центар „Ново Лисиче“.
-Во оваа претстава, во која едно сиромашно семејство се обидува да ограби банка, како што порачуваат од Драмски театар, ќе уживаме во инвентивноста на ликовите, па можеби тоа ќе поттикне поинаков пристап кон проблемите во нашите животи-соопштија од Општината Аеродром.
Утре на репертоарот е претставата на Народниот театар од Охрид „Каде е пиштолот“, а задутре ќе ги видиме актерите на загрепското Градско казалиште „Комедија“ во комедијата „39 степеница“.