Претседателот на Таџикистан, Емомали Рахмон го потпиша законот „За прослави и церемонии“, со кој се забранува носење облека што не е во духот на таџикистанската култура, пренесува РИА Новости.
Откако Сенатот на земјата ги усвои амандманите на законот „За прослави и церемонии“, со кои се забранува носење облека што е „туѓа“ за културата на Таџикистан, претседателот го потпиша.
Освен тоа, Законот за прослави и церемонии сега предвидува забрана за „идгардак“, вид песна за деца за празниците Рамазан и Рамазан Бајрам.
Нацртот на овој закон претседателот на Таџикистан го достави до парламентот, пратениците на Долниот дом го усвоија, а сенаторите го одобрија на 19 јуни.
За непочитување на овој закон е предвидена парична казна, но се уште не е прецизирано кои видови облека се сметаат за „туѓи за националната култура“ и се забранети за продажба и носење.