Моника Круемади, лидерка на опозициското Социјалистичко движење за интеграција и сопруга на албанскиот претседател Илир Мета, негира дека влијаела врз одлуката тој да ги одложи локалните избори.

– Јас немам никакво влијаније врз тоа, бидејќи откако пред две недели отидов на операција во Италија воопшто не сме се сретнале. Дури не ме има прашано ни како сум, изјави Круемади.

Таа оценува дека не е важно дали изборите ќе се одржат или не и оти премиерот Еди Рама мора да замине, бидејќи е избран од организираниот криминал. Најавува дека протестите ќе продолжат и оти нема дијалог се додека тој е премиер.

-Мнозинството Албанци се против неговите дискриминаторски политики. Повеќе не може да ги заплашува Албанците ниту со политика, ниту со визи, ни со затвори, со ништо. Му кажувам на Рама дека е и татко, родителот за своите деца го жртвува и својот живот. Албанците немаат проблем за ништо. На Албанците треба да им се даде нова алтернатива, рече Круемади.

Сепак таа констатира дека кризата на крај ќе се реши.

Инаку, претседателот Мета во саботата малку пред почетокот на протестот на обединетата опозиција соопшти дека го поништува указот со кој изборите претходно ги закажа за 30 јуни.

Во соопштенето од неговииот кабинет тој најпрво ја искажува големата загриженост поради длабоката политичка криза во земјата поради „несогласувањето на ни една страна“да се седне на дијалог и најави дека в понеделник подетално ќе ги објасни уставните,законски и логични причини за неговата одлука за одлагање на изборите.

Оваа одлука на Мета ја поздрави лидерот на Демократската партија Љуљзим Баша, но рече дека таа е само еден чекор напред во започната битка, која нема да престане се додека не си оди Рама не се формира преодна влада.

– Учеството, единството, отпорот, издржливоста е нашата сила а вашата сила е незапирлива. Тоа е вашиот глас кој се слушна од Берлин до Брисел од Лондон до Вашингтон. Нема повлекување се додека не ја урнеме тиранијата.Вечерва е многу значајна вечер за нашата битка. Вечерва е многу значајна ноќ во нашата битка која ќе продолжи се до заминувањето на најголемот криминалец Еди Рама и формирање преодна влада, рече Баша.

Рама пак е категоричен во својот став дека избори ќе има на 30 јуни, бидејќи „изборите не се ниту на претседателот,ниту пак на партиите“.

– Протестите се очаен обид на губитници. Изборите ќе се одржат на 30 јуни, а Мета повторно направи грешка. На 30 јуни ќе има избори, тие не се ниту на опозицијата, ниту на претседателот. Нивна цел е да ги уништат изборите, рече Рама на изборен митинг во градот Берат.

Рама опозициските водачи ги нарече очајно стадо кое ја посакува Албанија подалеку од Европа.