Во рамки на истрагата која ја отвори Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција во врска со изнуда и земање награда за неовластено посредување за влијание, како и за перење пари, извршен е претрес во домот на обвинителката во СЈО, Лиле Стефанова, неофицијално се дознава.
Меѓутоа, од обвинителството велат дека засега немало потреба да се врши претрес кај Стефанова, ниту да биде повикана на разговор. Инаку, Стефанова го води предметот „Империја“ кој СЈО го отвори во ноември лани.
Второосомничениот Зоран Милески доби 30 дена притвор и веќе е во истражниот затвор Шутка, додека првоосомничениот Бојан Јовановски се уште е на распит во судот.