Претрес во скопско, кај двајца полициски службеници пронајдено оружје и муниција

95

Вчера полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стадарди и СВР Скопје – Единица за недозволена трговија беше извршен претрес во дом кај две лица – полициски службеници за кои претходно беше утврдено дека на социјалните мрежи објавуваат фотографии со оружје.

При претресот, извршен со судска наредба, во нивниот дом во село Сингелиќ, скопско, биле пронајдени една автоматска пушка, два пиштоли, 19 куршуми 9 мм, еден рап во кој има четири рамки за автоматска пушка, пет празни рамки за автоматска пушка, 125 куршуми калибар 7.62×39, пет куршуми непознат калибар, еден револвер, една празна рамка и шест празни рамки кои ги поседуваат без дозвола. Исто така, при претресот во домот и при преглед на возилото на еден од нив било пронајдено и друго оружје и муниција кои ги поседувале со дозвола, соопшти полицијата.