Претреси во домот на Груби и поранешниот директор на Лотарија Бајрами

183

Полицијата утрово направила претрес во домот на поранешниот вицепремиер Артан Груби, неофицијално дознава ВЕЧЕР од полициски извори. Груби не бил пронајден дома, самиот напиша на неговиот  фејсбук профил  дека е во приватна посета во Косово. Освен кај него полицијата влегла и во домот на поранешниот директор на Државна лотарија на Македонија, Прпарим Бајрами, според пишувањата на дел од медиумите и тој не бил најден во неговиот дом и не е во државата неколку месеци.

Од ОЈО и од МВР ги потврдуваат претресите кои сеуште траат и најавија детали по комплетирање на информациите. Од полицијата за ВЕЧЕР велат дека се во координација со обвинителството и судија на претходна постапка.

Обвинителството во координација со МВР и финансиска полиција отворила предмет со кој Артан Груби се сомничи за нелегално издавање на лиценци за интернет коцкање, објави ТВ Телма

И Бајрами и Хамза биле дел од кабинетот на Артан Груби во Министерството за политички систем.