Претпладне сончево, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

22
Времето денеска во претпладневните часови ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со поинтензивен пороен дожд, силен ветер и град. Температурата ќе достигне 33 степени Целзиусови.