Поради актуелната ситуација и забраната за организирање на јавни собири, со цел да не им се одземе можноста на љубителите на поезијата да уживаат во убавината на пишаниот збор, за првпат се организира литературна е-манифестација „Илинден 2020“.
-Годинава, оваа престижна манифестација која што најде почесно место во календарот на македонските културни случувања, ќе има поинаков облик на одржување-соопштија од Општина Илинден која традиционално е нејзин организатор.
На 21 литературна манифестација „Илинден“ стиховите нема да одекнуваат од Домот на културата „Илинден“ – туку тие директно ќе се излеваат во домовите на почитувачите на пишаниот збор преку веб страната на општина Илинден (www.ilinden.gov.mk).